Следни Настани
Драги верници,
оваа недела на 25.10.2026 година, МПЦО „Св. Троица“ – Келн Ве поканува на Света Божествена Литургија,„Недела на отците на Седмиот Вселенски Собор.” 
Да се собереме заедно во молитва и да се помолиме на Бог и да се потсетиме на светите Отци кои ја одбранија вистинската вера и светите икони. 
Добредојдени сте сите!
Добредојдени сте сите! 

Драги браќа и сестри,
Ве известуваме дека секоја недела, после завршувањето на Светата Божествена Литургија, започнуваме со Часови по Веронаука.
Со љубов и радост ги покануваме сите наши дечиња да се придружат, да ја запознаат нашата света православна вера, да се молат и да растат во Христа.
Добредојдени сте сите!
Да ја сочуваме верата и да ја пренесеме на нашите најмили.
Денес е
Зоран Брндевски
Протоереј
Сè што е соединето со Бог, спасено е
Барај го Бог секој ден
Барај го Бог секој ден. Но, барај го во своето срце, а не надвор од него. И кога ќе го најдеш, застани со страв и трепет, како херувимите и серафимите, зашто твоето срце постанало престол на Бога.
Свети Нектариј Егински
Спасението во Христос
Се спасува само оној кој за глава го има Христос, а го има за глава Христос само оној кој се наоѓа во Неговото Тело – Црквата.
Блажени Августин
Благодарност за незаслуженото
Наместо да негодуваме, затоа што Бог не ни го дава тоа што го бараме, подобро е да благодариме за тоа што сме го добиле а не сме го заслужиле.
Свети Николај (Велимировиќ)
Написи
14
Мар